На прекрасниот ден пред викенд блеснете во полн сјај со оваа неверојатно женствена комбинација составена од неколку клучни и фантастични парчиња. Денеска носиме широки кожени панталони како едно од последните must have парчиња и ги комбинираме со топол џемпер ролка во кафена боја со интересни бели апликации по површината. Бидејќи ролката сама по себе е неверојатно топла, комбинацијата дополнете ја единствено со оваа модерна бомбер јакна. И денеска носиме чизми до над глуждовите овој пат со интересен принт, сличен со чантата. Што се однесува до модните додатоци, носиме и стилска зимска шапка во темно црвена боја, обетки во слична нијанса и секако шминката што ја обожаваме. 

Објавено:
15 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
669 пати