Претпоследниот ден од работната недела поминете го во прекрасни кафени нијанси во согласност со дождот. Носиме фармерки со висок струк и ги комбинираме со кафено блузиче со интересни ракави. Бидејќи денеска температурите се малку пониски, носиме и топло кафено палто со два реда копчиња. За да останете безбедни и суви на дождот, денеска уживајте во вашите гумени чизми, а комбинацијата зачинете ја со оваа тренди чантичка. 

Објавено:
10 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.046 пати