Добро утро. И овој ден го започнуваме со рубриката „Стајлинг на денот“.

Нашиот предлог овој четврток е полежерна комбинација со едно од најтрендовските парчиња во моментов - краток кардиган со копчиња.

Во конкретниов пример е во бела нијанса искомбиниран со фармерки со висок струк и ремен.

Изборот на обувки нека бидат чизми до глужд, додајте тенок капут или јакна и чанта и уживајте во сонцето.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
4 февруари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
711 пати