Добро утро. Се надеваме дека и овој четврток не' читате во добро расположение.

Овој пат комбинацијата за инспирација е составена од карирана наметка која може да се носи и како фустан. Имено, се работи за модел сличен на кошула, но со поширок крој и широки ракави.

Одоздола можете да носите друг фустан или пак комбинација со панталони/џинс и кошула или блуза. На тоа додадете високи чизми и модни додатоци и ќе имате стајлинг кој е топол, а и мошне тренди.

Ви посакуваме убав ден.

 

фото: Pinterest.com

Објавено:
3 февруари 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
544 пати