Добро утро. И овој ден го започнуваме со предлог комбинација. Овој пат се одлучивме за широки карирани панталони.

Во случајов се искомбинирани со кошула со јака од тантела, која е прилично популарен тренд сезонава и со топол џемпер.

Овде доминираат кафените тонови, но вие ускладете ја комбинацијата според вашите парчиња.

Ременот ја истакнува дополнително половината, а ако сте љубител на шапки, тогаш ова ќе биде модниот додаток што уште повеќе ќе ѝ даде впечатливост на комбинацијата.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
21 јануари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
471 пати