Добро утро. Денешниов ден е вистинска зима, барем кога се температурите во прашање и веројатно повеќето од вас посакуваа да можат да си останат дома.

Сепак, доколку излегувате, подобрете си го расположението така што ќе се дотерате по ваша мерка.

Нашиот денешен предлог е тоа да биде карирано миди здолниште кое ќе го искомбинирате со ролка. На тоа додадете капут, беретека и чанта.

Изборот на обувки на конкретнава фотографија се исто така карирани чевли, но имајќи го предвид времето кај нас, подобро е да бидат некои чизми до глужд.

Ви посакуваме ведар четврток и покрај облаците :).

Објавено:
14 октомври 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
834 пати