Четврток во комбинезон на риги
•
22 август 2019
Добро утро! Кога имаме високи температури надвор, секој се труди да се облече што полесно, а сепак прикладно.
Нашиот денешен предлог, во контекст на летниот стил, е комбинезон на риги. Во горниот дел прерамките (од предниот дел на половината до задниот) се со карнер, што дава романтична нота.
Ногавиците се со прав крој, што дава комоција и леснотија при движењето.
Поставеноста на ригите дава разиграност и го прави моделот уште поинтересен.
Со патики или со сандали на потпетица како на фотографијата, ќе имате супер комбинација за повеќе пригоди.
Ви посакуваме убав ден!
фото извор: Pinterest.com;