Добро утро. Денеска нè разбуди убаво време, што веруваме го подобрува расположението кај сите, а и желбата да се дотераме.

Нашиот предлог денеска за стајлинг е интересен кошула-фустан.

Во горниот дел има мала јака, ракавите се волуменозни, а интересен го прави тоа што има асиметрични набори.

Фустанот е искомбиниран со еспадрили и бело ранче со цветови, што совршено се вклопуваат во целиот аутфит.

Вие можете да додадете и некој детаљ во интензивна нијанса и да ја направите оваа комбинација уште повпечатлива.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
4 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
780 пати