Претпоследниот ден од работната недела поминете го во супер шик комбинација за која мислевте дека никогаш нема да можете да ја споите. Денеска носиме кожено здолниште до колената и го комбинираме со кул блузон со интересен натпис во предниот дел. Комбинацијата надополнете ја со интересна црна јакничка со кожени ракави и ниски чевлички со реси, а чантата во слична нијанса со блузата дополнително ќе ви помогне да блеснете денеска. Она што секако ви е потребно е виолетов кармин што одлично ќе се спои со комбинацијата.

Уживајте во денот!

Објавено:
24 март 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
938 пати