СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Четврток во краток џинс, црн топ и бела кошула

28 јули 2022

Добро утро!

Денес поиграјте си со лежерниот стил на елегантен начин. Земете го вашиот омилен црн топ или едноставна црна маичка како основа и комбинирајте ја со широк краток џинс кој ќе го врзете и стеснете околу половината со црн ремен. Без разлика дали надвор е свежо или пак сакате да се заштитите од сонцето, комплетирајте го изгледот со едноставна бела предимензионирана кошула. 

Фото: Pinterest

За дополнителна елеганција, овој лежерен стајлинг дополнете го со потпетици со шилест врв и врвки кои се врзуваат околу зглобовите. Грабнете ја вашата омилена црна кожна чанта и започнете го денот.

Уживајте!

Објавено:
28 јули 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
264 пати