Претпоследниот работен ден, односно последниот пред продолжениот празничен викенд го дочекавме со прекрасно сонце во градот и тоа веднаш значи комбинација со омиленото здолниште.

Денеска го комбинираме омиленото бело здолниште во А – крој со копчиња во предниот дел со нежно шармантно крем џемперче кое е како создадено за овој преоден период.

Здолништето дополнително истакнете го со кафен ремен на половината и крем чизмички до глужд.

Уживајте во сончевиот ден и прекрасните празници!

Фото: Pinterest

Објавено:
25 април 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
773 пати