Метереолозите за денес најавуваат тропски температури во нашава држава, па инспирирани од топлото време, за вас денеска имаме летен и лесен стајлинг.

Нашиот предлог е фустан со бела основа и овошен принт. Горниот дел е без ракави и округол околувратник, а здолништето е широко и збогатено со неколку карнери во долниот дел. 

Половината е истакната со бело ременче, а токму такви се и сандалите.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
13 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.032 пати