Добро утро. Веруваме дека повеќето од вас имаат чувство дека е понеделник, но вистината е дека еден ден нè дели од викендот.

Нашиот денешен предлог е една летна и лежерна комбинација. Долг фустан во пастелна тиркизна нијанса со принт е во комбинација со патики.

Ваквиот избор на парчиња е идеален за летни прошетки, за одмор и за секојдневието.

Шапката е моден детаљ кој му дава впечатливост на стајлингот, кој можете да го заокружите со мала чанта за преку рамо и дискретен накит.

Ви посакуваме убав ден.

 

Објавено:
16 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.276 пати