Овој четврток е тмурен и нерасположен, но тоа не значи дека таков треба да е и вашиот изглед. Подобрете го расположението, пркосејќи му на времето токму со облеката.

Белиот принт со црни точки е весел и често поврзуван со пролетта па токму затоа денес одберете го него, на макси фустан со долги ракави. 

Бидејќи е непредвидливо и помалку студено, искомбинирајте го со бомбер јакна во неутрална нијанса како беж и додадете бели чизми или патики.

Не заборавајте да понесете чадор и добро расположение, без разлика што ќе врне.

Ви посакуваме убав четврток!

Објавено:
15 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
597 пати