Претпоследниот ден од работната недела блеснете во полн сјај и искористете го времето за да го облечете вашиот омилен летен фустан со кусите чизмички на кој сезоната допрва им доаѓа. Денеска носиме шик фустанче во крем и бела нијанса и го комбинираме со оваа неодолива тексас јакна со ситни ѕвездички по површината. Чантата е во согласност со боите на денешниот стајлинг и толку шик што би посакале да ја носите секој ден од неделата. Што се однесува до накитот, носиме единствено впечатливи обетки во две бои и се разбира, сосема нежен кармин.

Објавено:
22 септември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
708 пати