Добро утро. И овој четврток го започнуваме со стандардната рубрика Стајлинг на денот, замислена како модна инспирација и идеја да искомбинирате веќе постоечки парчиња или пак можеби, да се почестите со нови.

Нашиот денешен предлог е широко миди мрежесто здолниште, под кое има кратко здролниште во темносина нијанса. Искомбинирано е со бела маичка со натпис, а изборот на обувки се сандали на ниска потпетица.

Мала чанта за преку рамо, дискретен накит и очила за сонце се модните додатоци со кои стајлингот е заокружен.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
13 август 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
738 пати