Добро утро. Викендот се ближи, се надеваме дека тоа дополнително ви го подобрува расположението. Нашиот денешен предлог е женствена комбинација.

Црн топол памучен фустан со долги ракави, со широко здолниште е парче кое можете да го комбинирате на многу начини. Во конкретниов случај е во склад со кариран капут во сиви и црни тонови. Широкиот ремен на половината, дополнително ќе ви ја нагласи фигурата, а чизмите кои се во иста нијанса со ременот, се високи и со висока потпетица.

На тоа додадете чанта и уживајте во денот.

Објавено:
26 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
917 пати