Понеделник во четврток - некако така би можеле да го опишеме денешниов ден. Токму затоа, нашиот денешен предлог е комбинација од деловен и урбан стил.

Беж панталони што ја следат линијата на телото со рабови на ногавиците се во комбинација со транспарентна кошула со точки, исто така во беж нијанса.

Ова парче истовремено е и секси и романтично, а за тоа придонесува ппанделката што се врзува околу вратот и „пуфнастите“ ракави.

Комбинацијата е заокружена со сандали на ремче и црна мала чанта. 

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
29 август 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
666 пати