Нашиот денешен предлог е тренди комбинација во свежи бои, идеална за актуелниот период. Панталоните се висок струк се нешто што секоја дама треба да го поседува, а нашите се во пинк нијанса. Струкот дополнително е истакнат со ремен.

 

Комбинацијата ја прави уште повпечатлива белата кошулка со точки, на која ракавите се широки. Стајлингот е заокружен со чевли во зелена нијанса, што сосема му дава шик нота на целиот изглед. Ако не сте вака модно храбри, тогаш одберете чевли во неутрална нијанса. 

 

Чантата може да биде мала или поголема, во зависност од тоа пригодата, а стајлингот е погоден за различни настани.

Објавено:
25 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
865 пати