Сонцето повторно ни се врати, па веруваме повеќето од вас веднаш добија и поголема желба да се дотераат.

Нашата денешна комбинација е идеална за сите што сакаат со малку труд да изгледаат дотерано. Затоа, одбравме плетен тесен фустан, со ролка, долги ракави и миди должина, парче што можете да го комбинирате во повеќе пригоди.

Ние го споивме со кожена јакна и чизми до глужд со везен принт.

На тоа додаваме црно ранче во сличен стил, очила за сонце и впечатлив виолетов кармин, кој можете да го замените со некој понеутрален или поизразен, зависи од пригодата.

За што и да се одлучите, ние ви посакуваме да имате убав ден и добро расположение!

 

Објавено:
26 октомври 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.326 пати