Утрово се разбудивме со малку повисоки температури од минатите денови и супер сончево време, па сега е вистинскиот момент да го одбереме најубавото здолниште од нашиот плакар. Носиме плисиран модел во црна боја и го комбинираме со прекрасна сива блузичка со апликации пеперутки и неодоливи сребрени патичиња. Чантата е исто така во сива нијанса, а комбинацијата надополнете ја и со овие кружни обетки и очила за сонце со интересна форма и боја. Шминката и денеска е супер природна и во нежни тонови каква што впрочем треба да биде секој ден од оваа топла сезона.

Уживајте во денот! 

Објавено:
30 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
653 пати