СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Четврток во предимензионирана кошула и широки панталони

7 јули 2022

Добро утро!

За почеток на овој четврток одберете нешто во коешто ќе се чувствувате елегантно и слободно, а предимензионираните парчиња облека, како оваа кошула, ќе ви го овозможат тоа чувство на лежерност.

Доколку сакате да го подигнете нивото на елеганција, обидете се со овој начин на стилизирање на кошулата, со тоа што ќе ја носите раскопчана и повлечена надолу за да постигнете илузија на топ со разголени раменици. Во комбинација со елегантни широки панталони, чанта, соодветен накит и високи потпетици, ќе добиете совршен изглед кој се вклопува во секојдневни и формални ситуации.

Уживајте во денот!

Објавено:
7 јули 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
542 пати