Четврток во разиграна летна комбинација
•
14 јули 2016
Претпоследниот ден од работната недела поминете го во слатка разиграна летна комбинација. Денеска го носиме синото хит фустанче со откриени рамена и го комбинираме со омилените летни пом – пом сандали. Во име на летото, комбинацијата надополнете ја со црвена сламена чанта со слатки додатоци и секако, неизбежните очила за сонце. Играјте си со боите и одберете лакови за нокти во најразлични нијанси.
Уживајте во летото!