За денеска ви подготвивме една предлог комбинација во која доминира ретро нотата, со која се надеваме ќе ве инспирираме за некој ваш стајлинг.

Фармерки со висок струк и широки ногавици е нешто што беше апсолутен хит и во 1970-тите, а потоа и некаде во 1990-тите. Ние овој пат ги комбинираме со маичка на тенки препрамки и карнери во окер нијанса.

На тоа ги додаваме популарните сандали на плута. Одлучивме дека плетената чанта, уште еден ретро тренд кој се врати на модната сцена, со марама околу рачките ќе се вклопи одлично во оваа комбинација.

И на крајот ги додаваме очилата за сонце, овој пат изборот се ленонки во слична нијанса со маичката.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
17 август 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
318 пати