Претпоследниот ден од работната недела сакаме да го поминеме во нешто навистина удобно, за да можеме прекрасниот петок да блеснеме во супер елегантна комбинација. Денеска носиме широки фармерки во потемна нијанса и ги комбинираме со прекрасен и топол џемпер во розова боја со темно црвени цветни апликации по површината. Едни од најпосакуваните чевли за сезонава се ниските патичиња со пом – пом додатоци, па по тој повод денес носиме едни токму такви. Чантата и шапката се темно црвени, а секако не заборавајте ги и очилата за сонце бидејќи се чини дека денеска ќе уживаме во прекрасно време.

Објавено:
13 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
572 пати