Добро утро. Уште еден нов ден е пред нас, а ние го започнуваме со нов предлог-стајлинг.

Нашиот избор денеска е широк беж комбинезон. Во горниот дел е со нагласени раменици, ревери и ситни набори.

Горниот и долниот дел се споени со ластик, кој уште повеќе ја нагласува половината. Панталоните пак, се со широки ногавици, а завршуваат исто така со ластиче.

На фотографијата стајлингот е заокружен со сандали и дискретен накит. Стајлинг кој може да биде добар избор и за работното место, доколку тоа ви го дозволува, а и за други пригоди.

Вие направете ја вашата комбинација спојувајќи слични парчиња.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
17 септември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
468 пати