Четврток во широко здолниште и блузичка со голи раменици

30 јули 2020

Добро утро. Инспирирани од топлото време и продолжениот викенд што не' очекува, за денес имаме морнарска предлог-комбинација.

Белото широко здолниште е совршен избор за високи температури, а е искомбинирано со тенка блузичка на риги со голи раменици.

Балетанките се во црвена боја, но можете да ги смените на пример со еспадрили. Шапката е одличен моден додаток, но и заштита од сонцето, кое викендов ќе грее силно, ако ѝ веруваме на временската прогноза.

Црвената марама околу врат го прави изгледот уште повпечатлив.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
30 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
558 пати