Добро утро! Денешниот ден го започнуваме со женствена комбинација.

Сонцето и потоплото време нè инспирираше за денес да ви предложиме стајлинг со здолниште. Се работи за модел во широк крој, со висок струк и миди должина.

Може да биде изработена од џинс или од некој волнен или пак памучен материјал. Топла бела ролка е парчето со кое е искомбинирано, а на сето тоа е додаден бел капут.

Комбинацијата е заокружена со кожен ремен и салонки, кои можете да ги замените и со високи чизми.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
23 јануари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.404 пати