Последниот ден од скратената работна недела поминете го во комбинација од џинс и нежна сина кошула со најпосакуваниот принт сезонава. Носиме кусо тексас здолниште со копчиња чие време допрва доаѓа оваа есен. Комбинирајте го со тенка кошулка со долги ракави со омилениот „Долче и Габана“ принт. Еспадрилите се совршен избор за последните топли денови пред да уживаме во есенските дождови. Чантата нека биде сина или пак бела, а денеска дозволете си и ималку експериментирање со шминката. И да, не заборавајте ги очилата за сонце!

Објавено:
27 август 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
819 пати