Четврток во сино
•
3 декември 2015
Претпоследниот ден од работната недела поминете го во шик комбинација со која ќе го најавите доаѓањето на прекрасните празници и зимата. Иако денеска се разбудивме со сонце и малку повисоки температури, сепак тоа не треба да не спречи да одбереме топла комбинација. Носиме темно сино здолниште со шармантни копчиња и го комбинираме со топол џемпер со зимски мотиви. Темно сината комбинација надополнете ја со хулахопки во слична боја и сиви чизмички и чанта со реси. Одберете и модерен темно син капут што супер ќе ја надополни и онака одличната комбинација. Не заборавајте ги и очилата за сонце бидејќи очигледно ќе уживаме во сонцето цел ден.