Четврток во сино и розово
•
16 ноември 2017
Дождот ќе нè дружи и денес, но ние одлучивме да му пркосиме со убави и интензивни бои. Нашата денешна предлог комбинација е составена од џинс кој го комбинираме со џемпер во интензивна розова боја со црвени детали.
На тоа додаваме капутче во интензивна сина боја со интересно закопчување и качулка.
Кога се модните додатоци во прашање, гумени чизми во глужд во темносина нијанса, со розови детали и ранче во истата нијанса се нашиот избор.
Иако чадорот го нема на фотографијата, секако е задолжителен.
И дождот знае да биде убав, ако сте подготвени за него и знаете да уживате!
Имајте убав четврток, и не заборавајте, викендот се ближи!