Четврток во сива комбинација
•
5 мај 2016
Претпоследниот ден од работната недела поминете го во шик комбинација во сиви нијанси составена од неколку супер парчиња. Бидејќи утрово се разбудивме со малку повисоки температури и конечно сонце, денеска носиме слатко фустанче во две сиви нијанси и го комбинираме со шик оксфордки. Носиме и сива волуменозна чанта која одлично ќе го надополни стајлингот и ланче кое е вистински хит оваа сезона. Со нежна шминка и виолетов кармин, уживајте во денот за кој искрено се надеваме дека ќе биде сончев.