Четврток во сиво
•
15 октомври 2015
Претпоследниот ден од скратената работна недела поминете го во топло фустанче во сива боја и комбинирајте го со мантилче во темно црвена боја. Чизмите и чантата се во иста нијанса, бидејќи совршено се надополнуваат со сивото шармантно фустанче. Бидејќи комбинацијата сама по себе е совршена, денеска не ни е потребен накит, ниту пак јака шминка.
Уживајте во денот!