Четврток во сиво и розово
•
25 јануари 2018
Овој сончев четврток нè инспирираше за женствена комбинација. Во фокус се сиви и розови нијанси. Сивиот фустан со долги ракави, со црн тенок ремен на половина, кој се врзува во панделка го комбинираме со розов капут со широки ревери.
На тоа додаваме црни чизми до глужд, шарена чанта со слични нијанси.
На крајот, стајлингот го комплетираме со сив широк шал и розов кармин.
Имајте убав четврток!