Претпоследниот ден од работната недела поминете го во стилска и неверојатно женствена комбинација составена од неколку парчиња кои знаеме дека ќе ви се допаднат. Денеска носиме тесни панталони во темно црвена боја и ги комбинираме со слатка маичка во сина нијанса со темно црвени прерамки. Бидете вистинска дама со овие елегантни чевли со реси во предниот дел и најубавата црвена чанта што ќе ја видите денеска. Зачинете ја комбинацијата со темно црвен кармин и стилски очила за сонце.

Уживајте во сончевиот ден!

Објавено:
4 август 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
409 пати