Сончев четврток исполнет со викенд еуфорија кој може да вклучува патување на село, на езеро, состанок со градот и јапонските цреши или едноставно уживање во домашна атмосфера.

Но, пред да му се радувате на продолжениот викенд, треба да го извлечете најдоброто од овој работен четврток. 

Токму затоа одбравме елегантна и помалку секски комбинација - тегет свилен слип фустан со должина до средината на листовите, во комбинација со долг бел блејзер со совршен крој. 

Патиките ја наговестуваат лежерноста која нè очекува, а во овој случај, изгледот е надополнет со плетена торба. Додадете суптилен накит како прстени.

Ви посакуваме убав и опуштен четврток!

Објавено:
29 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
451 пати