Ако некогаш се прашувавте кога е вистинско време и дали е воопшто можно да комбинирате тенко свилено здолниште и џемпер, ова е тој период.

Денеска одбравме интересна комбинација составена од свилено здолниште во неодолива сина боја дополнително украсено со цветови и го надополнивме со кафено џемперче со широки ракави.

Стајлингот надополнете го со едноставни бели патики и мини чантичка во иста нијанса, а со оглед на прекрасното сонце, задолжителни за денеска се очилата за сонце.

Уживајте во денот!

Објавено:
17 октомври 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
599 пати