Претпоследниот ден од работната недела е навистина прекрасен, со сонце што навестува дека пролетта доаѓа.

Денеска се разбудивме со желба да облечеме тексас здолниште, па го направивме токму тоа, секако со соодветни хулахопки бидејќи температурите сè уште не се толку високи.

Здолништето го комбинираме со топла црна ролка и палто, чизми до глуждовите, црна шик чанта, очила за сонце и капа.

Накитот нека биде по ваш избор, а доброто расположение задолжително.

Објавено:
28 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
586 пати