Четврток во темно црвено
•
17 декември 2015
Претпоследниот ден од работната недела поминете го во стилска комбинација составена од неколку елегантни парчиња. Здолништето од превртена кожа во темно црвена боја е нашиот денешен избор, а го комбинираме со секогаш посакуваната ролка. Со оваа боја одлично ќе се усогласи капутот во крем нијанса, а што се однесува до чевлите, носиме стилски чизми во нијанса како комбинацијата.