Последниот ден од работната недела и ден пред продолжениот викенд, носиме слатко фустанче во темно црвена боја.

Истото е едно од омилените оваа сезона поради преклопот и слатките карнери на ракавите и должината до колена поради која можете да го носите секаде.

Го комбинираме со кожени црни шик влечки, црна чантичка и секако, задолжителните очила за сонце.

Уживајте во сончевиот четврток!

Фото: Pinterest/Lulus

Објавено:
14 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
460 пати