Иако е магливо, се надеваме дека имате добро утро. Иако ни го нема сонцето да ни внесе повеќе расположение, сепак и облеката може да направи да се чувствуваме убаво.

Нашиот денешен предлог е тесно здолниште со копчиња во предниот дел. Во конкретниов случај е во зелена нијанса, а во комбинација со црна ролка.

Вие направете комбинација со парчињата со кои располагате. 

Кога се обувките во прашање, во конкретниов случај се чевли на висока потпетица, односно рамни кондури. Но, со оглед на студеното време, можете да одберете и високи чизми.

Додајте капут и чанта на крајот.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
12 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
554 пати