Четврток во уникатна темно црвена комбинација
•
27 октомври 2016
Претпоследниот ден од работната недела истакнете се повеќе од сите останати денови во оваа фантастична комбинација составена од навистина уникатни парчиња. Денеска носиме плисирано здолниште во неодолива златеста нијанса и го комбинираме со најслаткиот џемпер што можете да си го замислите оваа есен. Бидејќи на него има повеќе нијанси, ние одлучивме останатите модни додатоци да бидат токму во прекрасната темно црвена боја која секогаш е соодветна за ова годишно време. Па така, носиме и уникатна чанта во таа нијанса, чевли со висока потпетица, обетки со реси и секако кармин како единствено нешто што ни е потребно од шминки.
Имајте супер четврток!