Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со уште пониски температури, но тоа не значи дека денеска не треба да бидеме стилски. Носиме кафено здолниште од превртена кожа и го комбинираме со овој топол и впечатлив џемпер со цветни апликации во предниот дел. Комбинацијата надополнете ја со црни чизми над глуждовите и кожена и топла јакна со крзно на ракавите. Она што единствено друго ви треба е црната чанта со златни ремчиња и есенски нијанси на шминка.

Уживајте! 

Објавено:
1 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
616 пати