Добро утро. Се надеваме дека сонцето утринава ви го подобри расположението. Ние пак, стандардно започнуваме со нашата рубрика која има за цел модно да ве инспирира.

Денешниот предлог е широко здолниште на риги, со висок струк. Во комбинација е со краток бел топ, исто така со широк крој, кој му дава елегантна нота на стајлингот.

Обувките се во пастелно розова, но вие може да одберете и некоја поинтензивна боја и да ја направите комбинацијата уште повпечатлива, а истото важи и за изборот на чанта или кармин.

Дискретен накит и очила за сонце и подготвени сте.

Ви посакуваме убав ден :)

Објавено:
18 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
848 пати