Четврток во здолниште од тул и бела кошулка
•
15 август 2019
Претпоследниот ден од работната недела се разбудивме со малку пониски температури и супер свежо време, па некако желбата за дотерување е поголема.
По тој повод, денеска се дотеравме и одбравме романтично здолниште од тул со карнери и го комбинираме со бела кошулка на преклоп и ракави до лактите.
За комбинацијата да биде уште поубава, ја надополнуваме со сандали на висока потпетица, накит во златна нијанса и мини чантичка во неодолива крем боја.
Уживајте во денот!
Фото: Pinterest