Не знаеме дали сонцето денеска ќе нè израдува, но ние секако ви подготвивме комбинација во која ќе се чувствувате убаво и тренди.

Нашиот денешен предлог е здолниште од велур, во комбинација со џемперче со принт, кое е вистински хит сезонава.

Стајлингот е заокружен со високи чизми, исто така од велур, но вие можете да ја смените и да облечете чевли, или пак на комбинацијата да додадете мантил.

Имајте убав ден.

 

Објавено:
14 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
903 пати