Четврток во здолниште со копчиња + мантил
•
8 април 2021
Добро утро. Сонцето срамежливо, но повторно ни го покажува својот лик, што е сосема доволно за да го започнеме денот со добро расположение и ведрина.
Предлог-комбинацијата за денес е во светли бои. Составена е од миди здолниште во розова нијанса, кое се закопчува напред и едноставна блуза во пастелно жолта нијанса.
На тоа е додаден мантил со поширок крој, додека пак сандалите се во колор-блок комбинација.
Ви посакуваме убав ден.