Добро утро. Денеска е 22 октомври, Ден за подигање на свеста за ракот на дојка. Токму затоа, денеска облечете нешто розово.

Нашиот предлог денеска е розов, топол комплет од сако и здолниште, во комбинација со џемпер, но апсолутно можете да одберете што сакате, само нека ја содржи оваа боја.

По повод овој ден и од Здружението „Борка - за секој нов ден“, покрена иницијатива.

„Гордо облечете нешто розево на работа во четврток 22 октомври и споделете ги фотографиите од вашиот работен тим на социјалните мрежи со хаштагот #pinkatwork

-Дали работите од дома? Облечете нешто розево за време на онлајн состаноците и споделете ги сликите на социјалните мрежи!

-Зголемената свест за ова деликатно прашање кај пошироката јавност може да има големо влијание врз успешно лекување на болеста. Препознавање на можни знаци на предупредување за рак на дојка и преземање навремена акција доведува до рано дијагностицирање и спасува животи.
Вашите постапки имаат моќ да и покажат на секоја жена дека нејзиниот живот е важен.

-Денес е розов ден, да покажеме дека се грижиме!“

 

Објавено:
22 октомври 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
725 пати