Со оглед на тоа дека е време на слави и прослави, за денес се одлучивме да ви предложиме една класична, но ултра модерна комбинација.

Црниот фустан е едно од парчињата што секоја жена треба да ги поседува. Овој тесен, со миди должина ние го комбиниравме со елегантни салонки и капут со црно бел принт.

Кога се модните додатоци во прашање, одлучивме главното парче да го украсиме со масивен сребрен ѓердан, а и малата чанта да биде во слична нијанса.

Темновиолетовиот кармин е вистинки хит сезонава, па изгледот комплетирајте го во некоја таква нијанса.

Имајте убав викенд.

Објавено:
19 декември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.534 пати