Претпоследниот ден од работната недела го дочекавме со прекрасен дожд, па веќе знаете дека за денеска задолжителен е единствено чадорот! Носиме фармерки и ги комбинираме со куси чизмички во крем нијанса, слатко џемперче и капутче што денеска совршено ќе се вклопи со времето. Чантата е слична нијанса како и другите парчиња од комбинација, а чадорот нека биде кариран.

Уживајте во дождот!

Објавено:
8 октомври 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
2.576 пати